🏗Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.👷♂️🚧
🌉Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост ќе биде долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.
✅За потсетување, во мај 2020 година целосно беше реконструиран и проширен булеварот АСНОМ на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. Проширениот булевар во Аеродром сега има по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.🛣
#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна
Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.