ШИЛЕГОВ : СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ

0
171

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, на почетокот на 2021 година на предлог на улични уметници од градот, беше започната иницијатива за именување на првиот „Легален ѕид – Legal Wall“ во Скопје која беше прифатена од Градот.

На цртањето на графити на легалниот ѕид кај „Реплек“ на тема „Солидарност“ учествуваа седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешкец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски – Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермаљ Криезиу.

Со ова, Скопје на уште еден начин покажува дека ја поддржува урбаната култура и уличната уметност и овозможува разновиден културен израз на различни локации во градот.
#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.