ШИЛЕГОВ РАСПАЛИ ПО ГРУЈО : ПЛИВАЈ МАЛИ!

0
1626

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, му одговори на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, кој во фејсбук статусот што го објави денеска го прозива Шилегов затоа што ќе го врати старото име на улицата „Мексичка“. Груевски при тоа повика на линч и напиша дека можно е Шилегов и премиерот Зоран Заев да бидат претепани во „некоја темна уличка“.

Шилегов најави дека во рамки на проектот Смарт сити, ќе бидат осветлени сите улички, вклучувајќи ја и улицата „Мексичка“.

„Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците. Така што, сите улици ќе бидат осветлени … Ленинова на пример ? А да !!! И Мексичка. Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море…“, напиша Шилегов.