ШИЛЕГОВ : ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

0
153

Мене ми е особено мило што ваквата реконструкција, овој тип на реконструкција токму во овој дел на Шуто Оризари наидува на сериозно позитивен одглас кај граѓаните со цел конечно и тие од овој дел на градот да ги уживаат бенефитите на урбаното живеење. Ова е, како што напоменав, последната фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во изминатите две години ги работевме претходните две фази, ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи работиме и квалитетно и темелно токму за доброто на граѓаните од овој дел на градот.

Во рамки на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и Патишта со Меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари, реконструирани се улиците: Рељо Шесто Крило, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Волт Дизни, Вашингтонска, Нов Живот, П. Лулумба, Карабуница, Злетовска, улица 3, крак 1 и 2.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.