Wednesday, July 16, 2025
21.8 C
Skopje

Шилегов : Освен соопштение, нема докази дека ЦК на ВМРО-ДПМНЕ заседавал

silegov-685x320

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на својот Фејсбук-профил изрази сомневање дека навистина се одржала седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера беше соопштено дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот Никола Груевски во справување со предизвиците наметнати од, како што велат, неодговорното однесување на СДСМ.

„Кога СДСМ донесе одлука да започне ‪#‎ВистинатаЗаМакедонија‬, беше одржана седница на Централниот Одбор. На таа седница присуствуваа: членовите на Извршниот одбор, Централниот одбор, Пратеничката група, Претседателите на општинските организации. И беа присутни сите, и “заевисти” и “бранковисти” и разноразни “исти”, како што некој сака да не дели. Всушност, беше присутен СДСМ. Многу членови беа пред седиштето, чекајќи ја одлуката. Одлуката, потсетувам, беше донесена со акламација. Тогаш викнавме новинари, сликаа, снимаа, известуваа каква е атмосферата.

Вчера, наводно, била одржана седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ. Освен соопштение, виде некој слики, членство, кој бил, што бил, изјава некоја и слично?“, напиша Шилегов.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ