ШИЛЕГОВ: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ВО НАШИОТ ГРАД ПАК ДА НИКНЕ ТЕШКА ИНДУСТРИЈА

0
242

Од самиот почеток на нашиот мандат, еден од нашите главни приоритети беше да го намалиме загадувањето на воздухот во Скопје. Како резултат на тоа, оваа зима беше првата во долги години во кои беше измерен најнизок степен на загадување досега.

Токму затоа, нема да дозволиме во нашиот град повторно да никне тешка индустрија и комплетно се согласувам со мислењето на екологистите дека такво нешто би имало крајно негативен ефект врз средината. Затоа, кога предлогот ќе стигне во Град Скопје, тој веднаш ќе биде отфрлен.

Продолжуваме понатаму, кон позелено и почисто Скопје.