ШИЛЕГОВ НА МААЛСКА СРЕДБА: ЦЕНТАР Е НАЈУРБАНИЗИРАНАТА СКОПСКА ОПШТИНА, ЈА ПОДГОТВИВМЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА ИЗБОРИТЕ

0
202
Заедно со актуелниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, како и кандидатот за градоначалник на оваа општина Горан Герасимовски вечерва разговаравме со граѓаните што живеат кај Универзална Сала и во Капиштец.

Ги реконструиравме булеварите Димитрија Чуповски, 11 октомври, Кочо Рацин, како и улиците Лазар Личеновски, Бихачка, Црниче, Никола Карев (кај Железничка) и Васил Ѓоргов.

Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежници, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар.

Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на Плоштад.

Во тек е реконструкцијата на Универзална сала, а годинава почнуваме и со реконструкции на булеварите Кузман Јосифовски Питу, Крсте Петков Мисирков и Митрополит Теодосиј Гологанов. Ги реконструиравме гимназиите Јосип Броз Тито и Раде Јовчевски Корчагин, како и средното медицинско училиште Др. Панче Караѓозов. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница.

Во делот на градското зеленило, подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници.

СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија е фаворит на претстојните избори. Без разлика дали станува за извршната власт или за локалната самоуправа, СДСМ секогаш ги следи интересите на граѓаните и има висок степен на реализација на проектите.

За нас секој човек е важен, секоја општина е важна.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.