ШИЛЕГОВ ЗА КАМИКАЗА : НА СКОПЈЕ НЕ МУ ТРЕБААТ ЛУЃЕ КОИ ДОПРВА ЌЕ УЧАТ

0
222

На новинарско прашање дали се плаши од противкандидатот Петар Георгиевски-Камиказа, актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов порача дека ја очекува поддршката од граѓаните на изборите.

„Во мојот мандат, особено последниве две години во Скопје не се зборува за загадување затоа што тоа е драстично намалено. Сметам дека добро работев и граѓаните сакаат градоначалник кој се грижи за нивното добро. Што се однесува до противкандидатот Георгиевски, мислам дека на Скопје му е потребен континуитет, а не луѓе што допрва ќе учат. Верувам дека добро работев во Скопје, а немам намера да се занимавам со ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Шилегов.