ШИЛЕГОВ ВО САРАЈ: СКОПЈЕ Е ГРАД ЗА СИТЕ, САРАЈ СЕ РАЗВИВА ВО ЧЕКОР СО СИТЕ ДРУГИ СКОПСКИ ОПШТИНИ

0
173

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вечерва одржа маалски средби со граѓаните од Општина Сарај.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Сарај се инвестира повеќе во споредба со некои минати времиња.

– Во одржување и реконструкција на уличната мрежа во населените места Глумово, Кондово, Љубин, Крушопек, Сарај и Рашче заедно со реконструкцијата на автобуски постојки во Свиларе и Рашче преку ЈП Улици и патишта инвестирани се околу 50 милиони денари, посочи Шилегов.

-Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализационата мрежа во висина од 5 милиони денари. Го реконструиравме средното училиште Сарај, а дополнително ја опремивме и новата спортска сала на ова училиште, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Сарај засадени се повеќе од 200 садници и озеленети се околу 1,300 метри квадратни нови зелени површини, а исчистена е и депонијата кај Рашче.

– СДСМ работи заедно со граѓаните на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ги креираме политиките на развој, напредок и подобар живот за сите. Тоа е нашиот пристап, за нас секоја општина е важна, посочи Шилегов.

СДСМ продолжува со маалските средби при што заедно со граѓаните создава понуда најдобра за секоја општина, за секој град.

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.