ШИЛЕГОВ ВО БУТЕЛ: ОВА Е ОПШТИНА ШТО НАЈБРЗО СЕ РАЗВИВА ВО СКОПЈЕ

0
248

Маалските средби вечерва продолжија во Бутел каде што Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски се сретнаа со жителите на оваа скопска општина.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека Бутел е една од општините со најмногу важни капитални проекти и од тие причини најбрзо се развива.

– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница. Некогашната улица Босна и Херцеговина сега е модерен булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а наскоро започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска, посочи Шилегов.

-Во овој дел од градот целосно ги реконструиравме средните училишта Арсениј Јовков и Зеф Љуш Марку, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов. Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1800 садници.

– Граѓаните треба да знаат дека и на овие локални избори, СДСМ е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот и интеграцијата. СДСМ ве гледа во очи и ви ветува дека ќе оствари се што е во интерес на општината и граѓаните, посочи Шилегов.

Преку реализација на овие маалски средби СДСМ ја остварува целта заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.