ШИЛЕГОВ : АЕРОДРОМ ДОБИВА НОВО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ – ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ

0
237

Со изведбата на оваа улица ќе дојде до конекција на Трета македонска бригада и булеварот Јане Сандански. Делот од булеварот Јане Сандански до улица Владимир Комаров ќе биде целосно реконструиран, додека на потегот до булеварот Трета македонска бригада ќе биде изведено целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

Градот Скопје подолжува и понатаму да работи на развојот на сообраќајната инфраструктура во скоро сите скопски општини, како и на изнаоѓање одржливи сообраќајни решенија што ќе ја зголемат ефикасноста на градскиот комбиниран сообраќај.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #ГрадимеПоПлан

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.