Пред една година 610.000 граѓани гласаа „за“ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, објави вицепремиерката и министерка Радмила Шеќеринска на Фејсбук.
Многу постигнавме од тогаш. Ратификацискиот процес за НАТО е пред крај и сме пред добивање статус на полноправна членка на Алијансата. Благодарност до сите за поддршката, се вели во објавата од Шекеринска.
Објавата се однесува на ланскиот референдум за промена на името на Република Македонија, кој од ДИК беше прогласен за неуспешен затоа што излезноста беше далеку под законскиот цензус од 50 проценти плус еден.