ШЕЌЕРИНСКА: АРМИСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ ДОСЕГА ВО 100 ЛЕТА ФРЛИЈА 200 ТОНИ ВОДА ВРЗ ОПОЖАРЕНИТЕ МЕСТА КАДЕ ПОБАРА ЦУК ИНТЕРВЕНЦИЈА

0
119

Се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево – 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот во кај селата Истевник, Робово и Умлена.

Армиските хеликоптери таму исфрлија 56 тони вода, а вкупно досега со над 100 лета исфрлени се 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари, секаде каде што ЦУК побара реакција.

Армијата безрезервно се ангажира во справувањето со пожарите од терен и од воздух.