Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

ШЕФОТ НА БРИТАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА: ГНАСНИ ИЗРАЕЛСКИ НАПАДИ ВРЗ БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападот врз болницата „Ал Ахли“ бил насочен кон командниот центар на Хамас.

Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска ги осуди израелските напади врз медицинските установи во окупираната палестинска енклава Појасот Газа и ги нарече „гнасни“.

Британските медиуми денеска јавија дека во израелски напад врз палестински цели во Појасот Газа две израелски ракети погодиле зграда во болничкиот комплекс „Ал Ахли“.

„Израелските напади врз медицинските установи целосно го деградираа пристапот до здравствената заштита во Газа. Болницата ‘Ал Ахли’ беше нападната повеќепати од почетокот на конфликтот. Овие грозоморни напади мора да престанат. Дипломатијата, а не продолжувањето на крвопролевањето, е начинот на кој ќе постигнеме траен мир“, рече Лами во кратка објава на социјалните мрежи.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападот врз болницата ‘Ал Ахли’ бил насочен кон командниот центар на Хамас.

Во соопштението на ИДФ се додава дека болничкиот комплекс го користеле терористите за планирање и извршување терористички напади против силите на ИДФ и граѓаните на државата Израел.

Лекарите од болницата ‘Ал Ахли’ претходно денеска соопштија дека нема повредени во израелскиот ракетен напад, но дека се уништени одделите за итни случаи и за прием на пациенти.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ