Wednesday, March 19, 2025
-1.2 C
Skopje

Шести мото фестивал ,,Прилеп 2015″

Во чест на роденденот на Мото-клубот „Рисови“, во сабота на 22.август во Прилеп ќе се одржи традиционалниот 6.Мото фестивал „Прилеп 2015“, на кој учество ќе земат сите мото клубови од Македонија, како и гости од странство.

Risovi-baner

Фестивалот започнува во 16 часот на Камената бина, каде ќе пристигнат гостите, а два часа подоцна ќе започне свеченото дефиле на моторџиите околу Прилеп.Во 18.30 сите учесници на мото фестивалот ќе се упатат кон ресторанот „Лаки“, поранешна „Амфора“, каде ќе биде поставен кампот во кој гостите ќе бидат сместени.

Отворањето на фестивалот ќе биде во 20 часот, после што започнува забавата која ќе биде збогатена со повеќе мото игри, како што се туркање на рака и брзо пиење пиво. Имаме ангажирано две рок групи кои ќе се потрудат сите присутни да имаат добра забава сѐ до раните утрински часови. Забавата е од отворен карактер, што значи дека се поканети и добредојдени сите оние кои сакаат да бидат дел од мото фестивалот – вели Борче Чупетрески, претседател на МК „Рисови“.

Генерален спонзор на мото фестивалот „Прилеп 2015“ е „Бис Оил“ од Скопје, кој на сите мото клубови ќе им додели пригодни награди. Фестивалот го помогнаа и „Прилепска пиварница“, „Витаминка“, „БМ Оил“, „Венеција мебел“, како и повеќемина други спонзори.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ