Шекеринска : Ќе ги ослободиме медиумите!

0
405

rada modified

Во преполната сала се обрати и Радмила Шекеринска. Праша од каде се овие што се власт?

„Заслужи ли народот вакви? Едно знам, не се човечиња, не се будалетинки, тие се корумпирани луѓе кои ја окупирале државата. Далеку зад овие снимки, зад потребата да контролираат се, низ сето тоа го видовме нивниот страв. Кога нелугето се плашат од се околу себе, тие го знаат стравот како инструмент. Се плашат од дебата, од народот и затоа што живеат во страв сакаат да владеат со него. Затоа не слушаат, не следат. Лесно им е секој ден да се закануваат. Кусо да паметат и никогаш да не простуваат. и пак тераат кампања да им се верува. На кого да веруваме? На институциите или да циркусот? Дали се аптриоти или лудаци? Дали да веруваме на нивните кампањи или нивните снимени разговори?- прашуваше Шекеринска во говорот.

Таа пренесе дека вистината за Македонија е веќе на виделина и покажува дека рекламата на власта која 24/7 почна да се руши како кула од карти.

„Вистината исплаши многумина кои не ни замислувале дека ова е можно. Вистината не тресна од земја, но таа истовремено не ослобди. Не само од срамот, туку и од лажната надеж. Не ослободи од лажниот впечаток дека законите важат за сите. Не ослободи од лажното очекување дека злото само ке замине. Но ова зло не заминува, ние ке им покажеме врата. Вистината не ослободи и нас во опозицијата, го ослободува и народот. Многумина си рековме зарем од овие луѓе ќе се плашиме? Тие знаат само за криминал. Вистината ни даде обврска да гледаме напред. Сите кои сме ја платиле цената на корумпираната власт, која се крие за Бога и семејството, сега сме охрабрени“- рече Шекеринска.

Зборуваше дека власта со моќта ја хранела суетата, ги полнела банкарските конта, се формирале екстремно богати лози.

„Ја водиме биткава за власта да стане одговорност. Да ги промениме работите. Министерствата да не бидат партиски штабови, а државните пари- партиски. Биткава ја водиме за да можеме слободно да говориме на улица по телефон, на телевизија. Медиумите слободно да работат, а ние слободно да носиме одлуки. Затоа ветуваме дека со политичка волја работите се менуваат. Да можеме за една година да ја смениме сликата на државата мора само со чесен пристап. МРТВ не е крива, туку тие кои седат на челните позиции и ја узурпирале, затоа мораме да ја солободиме- тоа е мисијата за таа куќа. Многутемина кои работат таму го посакуваат тоа“- вели Шекеринска.

Ги повика вработените во МРТВ да се придружат во борбата против режимот. Таа најави заштита на медиумите и новинарите преку намалување на казните за клевета, но и дека нема да нарачуваат прилози во ниту едни вести, како што сега прави власта. Според Шекеринска дојдено е време да се смени законот за следење на комуникациите за да се обезбедат гаранции за граѓаните, а не на власта.

„Со законот ќе гарантираме целосна контрола на прислушувањето во државата и ке овозможиме парламентот тоа да го контролира. Не се бориме за власта на Груевски да ја замениме со иста таква. Граѓаните сакаат нов начин на работа. Спремни сме за нова власт која ќе покаже дека се ќе се решава со дебата, доверба и професионалност“- рече Шекеринска.