Шекеринска со коосновачот на ОМД за учеството на иселениците во реформите и за гласањето

0
987

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Скопје имала средба со Александар Митрески, ко-основач и заменик претседател на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), соопшти СДСМ.

Screenshot_5

Тема на разговорите, според соопштението од опозициската партија, била актуелната ситуација во Македонија и начинот на којшто македонската дијаспора може да ги помогне реформите неопходни за враќање на демократијата и економски раст.

-Македонија има огромен човечки капитал надвор од своите граници. Ни треба подобра и почеста комуникација што ќе овозможи да го искористиме знаењето, искуството и контактите на нашите граѓани кои живеат надвор од татковината. Ова се моменти кога сите сме и потребни на Македонија – вели заменик претседателката Шекеринска.

На средбата се разговарало и за прашањето околу гласањето на дијаспората. Заменик претседателката Шекеринска соопшти дека на оваа тема се уште не е отворена суштинска дебата во работната група формирана согласно Договорот од 2 јуни/15 јули, информира СДСМ.

„Ставот на СДСМ е да се задржи гласањето на дијаспората, но да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР според кои секој глас мора подеднакво да вреди, без разлика дали е даден во или надвор од Р.Македонија“, рече заменик претседателката Шекеринска, стои во соопштението од опозициската партија.