Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, остварила средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини во Брисел, информира а1он.мк.
На средбата неофицијално станало збор за начините на решавање на длабоката политичка криза при што Шекеринска ги изнела позициите на опозицијата: создавање минимални услови за одржување на фер и демократски избори во транзицискиот период до април наредната година, што подразбира ослободување на институциите од партиската контрола наметната од Никола Груевски и неговите најблиски соработници. Шекринска и пренела на Могерини дека од тука се разумни аргументите дека е неопходно повлекување на Груевски шест месеци пред изборите.
Заменик-претседателката на СДСМ, при тоа, изразила задоволство од препораките содржани во извештајот на експертската група предводена од поранешниот директор на директоратот за проширување Рајнхард Прибе.