Шекеринска: По 11 изгубени години седиме на иста маса со најмоќните држави на планетата

0
1312
За само двеипол успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна, членка на најмоќниот сојуз. Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо.
Зборот е збор! Пред двеипол години ветивме членство во НАТО и тоа го испорачавме. За само двеипол години станавме членка на најмоќната воено-политичка алијанса , после 11 изгубени години.
Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, после 11 изгубени години. За само  двеипол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ да ги зголемиме платите и пензиите три пати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само двеипол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта.
Ако останете дома, ако не го искористите своето право на глас на 15 јули сето тоа може да остане уште една неискористена шанса бидејќи и вие знаете дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонијa во ЕУ нема никакви шанси.
Дајте ни доверба за да ги завршиме докрај работите, влеговме во НАТО можеме и во ЕУ. Ги решивме суштинските, клучни, стратешки прашања за државата. Сега со иста енергија, страст, сила и храброст ќе се справиле со проблемите врзани со првната држава. Обезбедивме правичност сега е време за ред и правда, дајте ни доверба да го завршиме започнатото.
На 15 јули гласајте за бројот 3.