Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

0
331
Потпретседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска вечерва говорејќи на граѓанската трибина во Ростуше се осврна на денешната изјава на канцеларката Меркел за отворањето на првите поглавја помеѓу нашата земја и Европската Унија.
Таа рече:
Оваа година драги пријатели ја направивме навистина да биде историска. Станавме членка на НАТО, после 30 години зборување ние кажавме зборот е збор и ние веќе сме НАТО. Зборот е збор и ние годинава го добивме почетокот на преговори со ЕУ.
Каде е сега ВМРО ДПМНЕ барем со кисела насмевка да удри барем еден аплауз? Го пропуштија оној за НАТО еве нека се развеселат барем за добрата вест за ЕУ.
Ама како вели нашиот народ, дозволи им на ушите да го чујат тоа што сакаат е очигледно ова е тоа што ВМРО ДПМНЕ не сака да го чуе бидејќи не посакуваат добри вести за државата туку посакуваат само себични вести за себе и својот тесен круг на луѓе.
Денес се покажува дека нашата политика на добрососедство, на решавање на проблемите дома, на соживот и едно општество за сите не прави сите заедно посилни. Направивме темел на оваа држава без кој не е возможна нејзината стабилност.