Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска ќе има средби со граѓаните на општина Битола.
Од СДСМ соопштуваат дека посетата на Шекеринска започнува во 13 часот на средби со граѓаните, дуќанџиите и со пазарџиите на Градскиот пазар и Старата чаршија.
Во 14:30 часот, заменик претседателката ќе оствари средби со младите на Широк сока, а средбите со граѓаните продолжуваат во Нова Битола во 15 часот.
Во 17 часот, заменик претседателката на СДСМ ќе ги посети жителите на Кукуречани.