ШЕИЦИТЕ ОД СИТИ РЕМИЗИРАА СО АСТОН ВИЛА НА ,,ВИЛА ПАРК” СО ГОЛ НА ЛЕОН БЕЈЛИ

0
121

Фудбалерите на Астон Вила успеаја да освојат бод во домашниот натпревар против Манчестер Сити (1-1), во рамките на шестото премиерлигашко коло. Иако „граѓаните“ важеа за огромен фаворит, не успеаја да го совладаат домаќинот на „Вила Парк“.

Првиот дел мина во помирно темпо. Манчестер Сити ја имаше топката, градеше акции и се обидуваше да го загрози домашниот гол, меѓутоа сите приоди до него беа одлично затворени. Доминацијата на теренот од страна на тимот на Пеп Гвардиола не беше материјализиран, па на пауза се замина со почетните 0-0.

Сепак, веднаш на стартот на продолжението Сити успеа да дојде до предност. Де Брујне уфрли во шеснаесетникот, а Ерлинг Халанд пак го докажа својот голгетерски инстинкт и ја смести топката во мрежата за 0-1 во 50. минута. Астон Вила и покрај примениот гол не успеа да се наметне, имаше една шанса преку Леон Бејли, ама неуспешна. На спротивната страна можностите на Мартинез ги тестираше Халанд со удар од шеснаесетникот, а Де Брујне ја погоди пречката.

Течеше 74. минута кога Леон Бејли успеа да донесе израмнување. Крилниот фудбалер доби топка од Ремзи, па со одличен удар го матира Едерсон за 1-1. Во завршницата од мечот следеше нова доминација на „граѓаните“, шанси на Родри и Фоден, ама резултатот остана непроменет.

По шест кола Манчестер Сити има две ремија, против Њукасл и Астон Вила, па е израмнет на второто место со Тотенхем. Арсенал е лидер со бод повеќе и натпревар помалку од шампионот.

Извор : Гол.МК