Шведски автор нуди „бесплатен“ одмор на своите острови

0
812

Фредрик Харен, шведски автор кој живее во Сингапур, на своите приватни острови нуди можност за „бесплатен престој“.

Харен често пати патува низ светот. Откако го купил својот прв филипински остров, со цел да замине на мал креативен одмор, заклучил дека нема да биде лошо да се обиде слично искуство да им понуди и на други луѓе. Затоа почнал да нуди бесплатен престој на еден од своите острови.

На своите гости Харен им ветува дека секогаш ќе бидат сами на островот – освен ако не го искористат правото да поведат до пет пријатели.

Но, престојот на островите не е во целост бесплатен. За некој да добие дозвола за престој претходно мора да уплати одредена сума пари во добротворни цели и да ја наведе причината зошто му е потребен таков вид на годишен одмор.

Својот прв остров, шведскиот Сванхолмен, Харен го купил во 1999 година. Потоа го купил филипинскиот остров Палаван, што бил уништен од тајфун. Третиот остров што овој шведски автор го купил е Вифарнахолме, а се наоѓа во близина на Стокхолм.

-Вашиот мозок, вашата потсвест, има потреба да ги анализира сите работи што сте ги виделе, а потоа да пронејде некои одговори. Ако само патувате и постојано само доживувате нови искуства, немате време за креативна работа. Најдобрите идеи доаѓаат кога ништо не работите. Тоа е она што повеќето луѓе често пати го забораваат. Претеруваат со внесот на информации, а ја занемаруваат креативната работа, истакнува Харен.