ШВЕДСКАТА ПРЕМИЕРКА : ЌЕ ГИ ИСПОЛНИМЕ УСЛОВИТЕ НА ТУРЦИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

0
764

Шведска ќе ги исполни условите од договорот, со кој се обезбеди укинување на турските приговори за приемот на скандинавската земја во НАТО, изјави денеска шведската премиерка Магдалена Андерсон.

На прес-конференцијата за Неделата на Алмедален, годишен настан во паркот Алмедален во градот Висби, Андерсон потсети на одлуката на Стокхолм да екстрадира лице, барано од Турција за измама, која според неа била донесена минатата недела „во согласност со шведското и меѓународното право”. .

– Ќе продолжиме да дејствуваме на ист начин, додаде таа.

На 11 август, шведската влада објави дека ќе и предаде турски државјанин на Анкара, што е прва позната екстрадиција откако Турција се закани дека ќе го блокира пристапот на Шведска во НАТО.