„Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници“, рече Чуповска – Ристова и додаде дека “активно придонесуваме и во гарантирање на колективната безбедност, а тоа го докажуваме и со нашето учество во мултинационалните сили кои што се распоредени во Летонија, Бугарија и Романија“.
Во однос на состојбите и актуелните предизвици во одбраната, Чуповска-Ристова порача дека била затекната предизвикувачка финансиска состојба, но дека со соодветна анализа на состојбите и алокација на средствата со ребалансот на Буџетот обезбедени се финансиски средства за исплата на сите заостанати и тековни обврски кон припадниците на Армијата и вработените во одбраната за 2024г. и за 2025 г.