Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

ЧУПЕСКА: ПАДОТ НА РЕЈТИНГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Е РЕАЛЕН, ГРАЃАНИТЕ ЖИВЕАТ ТЕШКО И ПРЕПОЗНАВААТ НЕСПОСОБНОСТ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарснот во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска при нејзиното гостување во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“.
–Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, податоците од истите истражувања укажуваат на драстичен пад на поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ. Овој тренд е директна последица на нивната реална некапацитираност и некомпетентност во управувањето со ресорите. Граѓаните живеат се потешко, истакна Чупеска.
Таа потенцираше дека СДСМ не се води од импровизации и дека стратегијата за настап на локалните избори се темели на детални истражувања, сериозни анализи и демократски внатрепартиски консултации. Тоа е темелот врз кој се гради програмата, но и изборот на кандидати.
-СДСМ со посветеност и одговорност се подготвува за претстојните локални избори. Работиме темелно, стратегиски и координирано – и на терен и во аналитичкиот дел – со фокус на создавање на силна, конкретна и содржајна програма која ќе понуди решенија за најактуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во различни општини. Да имаме силен настап на локалните избори со најдобрите можни кандидати – луѓе со интегритет, кредибилитет, професионално искуство и реална препознатливост во своите средини.
Во моментов СДСМ работи на составување на листа од професионалци за градоначалници – вклучително и за Скопје. со кои ќе излеземе на изборите и ќе ја вратиме довербата на граѓаните, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска за Слободен печат.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ