Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

ЧУПЕСКА : ГОЛЕМА Е ВЕРОЈАТНОСТА ДЕКА БЕГСТВОТО НА ГРУБИ Е ПОМОГНАТО ОД ДПМНЕ

Во случајов се чини дека власта не се бори против криминалот имајќи предвид дека Груби е избеган од една страна, од друга страна тоа е доволно добар сомнеж  дека можеби ДПМНЕ работи за Груби, односно му направило некаква услуга тој да избега надвор од границите, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во Дневникот на Сител телевизија.
Од таа работа произлегува идниција, прво дека ДПМНЕ не е способно и не е кадарно да спроведе акции од ваков тип како што помпезно ги најавува. Второ дека постои голема веројатност дека ова бегство на Груби, е впрочем помогнато од ДПМНЕ. Како трето тоа укажува дека станува збор за елементарна неспособност за водење на држава особено, во она што нарекуваме тврд суверенитет, а тоа е се поврзано со безбедноста, порача потпретседателката Чупеска.
Нека биде целосно јасно за сите дека СДСМ е апсолутно против секаков вид на криминал, без разлика дали тој криминал е од бивши, сегашни или идни функционери или од граѓани, групации, бизниси, што прават криминал. Тука немаме никаква отстапка, во врска со било какви докажани активности низ институциите, истакна потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија.

 

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ