ЧОВЕКОТ КОЈ ЦЕЛ ЖИВОТ ЦИЦА ОД БУЏЕТОТ И КОЈ НИКОГАШ НЕМА ПОДЕЛЕНО ПЛАТА ПОВИКА ДРЖАВАТА ДА ГО УНИШТЕЛА ГРАДЕЖНИШТВОТО КОЕ УЧЕСТВУВА СО 305 ВО ЏДП И ВРАБОТУВА НАД 50 000 НАРОД?!?!

0
1270

Академик Владо Камбовски реагира на одлуката на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, велејќи дека се ставил во заштита на бизнисот, наместо на човековите права и слободи.

Камбовски ја повика Владата прва да реагира на оваа појава, бидејќи таа е повикана да поведе остри мерки против корупцијата и организираниот криминал.

„Во досегашната практика градежната мафија беше една од најрепрезентативните примери на организиран криминал и корупција, со донесување на урбанистички планови, со коруптивни акти и зделки, незаконитости при изведбата на градбите, итн“, вели академикот и професор по кривично право.

Второ, вели Камбовски, посебно за градовите како што е Скопје, за кои и МАНУ расправаше на конференцијата за загадувањето пред неколку месеци, тежок проблем е пренаселеноста. Скопската котлина има капацитет за 350-400.000 жители.

„Сè друго е погубно, не само за квалитетот на животот, туку и за здравјето и животот на граѓаните, кои се повредни од кој било профит и економска активност“, кажа тој за САКАМДАКАЖАМ.МК.