ЧОВЕКОТ Е ТАЗЕ ДОЈДЕН ОД БРИСЕЛ НЕ ЗНАЕ ШТО ЛУДАЦИ СЕ ВМРОВЦИТЕ – НЕ МИ Е ЈАСНО ЗОШТО ПРАТЕНИЦИТЕ ЦЕЛА ГОДИНА КОЧАТ ЗАКОНИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ

0
373

Нуредини е два години министер за животна средина и ниту еден закон не е донесен во неговиот мандат поради блокадата во Собранието.(Фото: Ѓ.Личовски)

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не знае како е можно пратениците кои се избрани од народот, година и половина да блокираат закони за екологија и чист воздух. Во моментов во Собрание се 16 закони поврзани со животната средината, а најдолго 18 месеци е заглавен законот за прекршоци, со кој неколку пати се зголемуваат казните за загадувачите.

„Точно две години сум министер, а уште ниту еден закон кој го изработивме не е поминат во Собранието. Тоа е нешто за што најмногу жалам. Навистина не ми е јасно како може да се блокираат закони со кои ќе се подобри амбиенталниот воздух или ќе има поголеми казни за загадувачите“, вели министерот Нуредини.

Од декември лани во Собранието се доставени Законот за квалитет на амбиентен воздух, Законот за животна средина, Законот за заштита на природата, Законот за водите, Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, Законот за планински патеки, Законот за заштита од бучава и Законот за генетски модифицирани организми. Исто така, направени се измени и во Законот за прекршоци со кои се предвидува до 20 пати поголеми казни за загадувачите.

Во Законот за квалитетот на амбиентниот воздух се предвидени попрецизни обврски за локалната самоуправа за изработка на Планови за управување со воздух, со конкретни и задолжителни мерки што треба да се преземат при зголемени концентрации на загадувачки материи.

На утрешната собраниски седница на дневен ред е законот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје. Нуредини се надева дека пратениците нема да го блокираат законот и тој ќе биде изгласан.

Владата на 2 март го одобри текстот на Предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање, по што беше испратен во Собранието.

Како што соопштија тогаш од Владата, основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес.