ЧЛЕНСТВОТО НА ДУИ ОБВИНУВА ДЕКА ВО ПАРТИЈАТА ИМАЛО ОТСУСТВО НА ДЕБАТА А ПОЛИТИЧКОТО ОДЛУЧУВАЊЕ ОСТАНАЛО ПРИВИЛЕГИЈА НА АРТАН ГРУБИ

0
483

Членови на ДУИ во соопштение испратено до јавноста обвинуваат дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, како што велат, станало индивидуално.

Во писмото, потпишано од 20-тина членови меѓу кои и Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта, Блерим Беџети, а испратено преку меил адресата на општина Чаир, се бара внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикуваат лидерот на партијата Али Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.

– Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби, се вели меѓу другото во писмото. Потписниците наведуваат дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби предизвикало незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.