Чилиманов суспендиран од МИА – ќе треба да се објасни пред Дисциплинска комисија, па ќе се одлучува дали ќе остане на работа

0
890

Цветин Чилиманов кој на Твитер ѝ се обрати на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс со повик за насилство, е суспендиран од работното место и тој има рок од три дена, односно до понеделник, да се изјасни во врска со суспензијата, дознава БИРН.

Дисциплинска комисија од државната агенција МИА ќе ги сослуша аргументите на Чилиманов и ќе достави предлог до директорот на МИА, Драган Антоновски, кој треба да ја донесе крајната одлука – дали тој ќе добие отказ од работното место, ќе биде казнет или пак нема да се соочи со никакви последици.

Спорниот твит на Чилиманов е порака до таксистите, во која се споменува култниот лик од македонската кинематографија, чичко Кумплунг. Ова јавноста го протолкува како отворен повик за насилство кон новинарката Валери Хопкинс, која напиша:

„Таксист бојкотирач во Скопје: Бугарија мисли дека нашиот јазик не постои, Србија одбива да ни ја признае црквата, Грците го блокираат нашето име и имаме проблеми со Албанците. Ние немаме проблем, сите останати имаа“.