Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) донираше 60 комплети опрема за вентилатори на Министерството за здравство, овозможена со финансиска поддршка од Чешка, Литванија, Холандија, Велика Британија и САД.
– Следната недела, комплетите ќе бидат дистрибуирани до локалните болници каде претходно беа донирани 60 вентилатори, со испораката на 30 октомври 2020 година, објави НАТО на својата веб страна.
Опремата е наменета за КОВИД-19 болниците во Скопје, Тетово, Штип Битола, Охрид и Прилеп.
– Оваа поддршка е дел од целокупниот пакет помош што НАТО КОВИД-19 сојузниците се согласија да го обезбедат за Македонија за справување со сериозните ефекти на пандемијата. Дополнителни вентилатори и друга медицинска опрема ќе бидат испорачани во Македонија во следните недели, во рамките на Фондот за пандемиски одговор на НАТО, се вели во соопштението објавено денеска на веб страницата на НАТО.
Досега, осумнаесет НАТО сојузници имаат донирано финансиски средства и медицинска опрема и материјали во доверливиот фонд за одговор на пандемијата, од кој досега се одобрени пакети за помош за четири сојузници – Албанија, Чешка, Црна Гора и Македонија, како и за пет партнери – Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина.