Четири лица загинаа во пукање во трговски центар во Берлингтон, САД

0
637

Вооружено лице во петокот вечер уби најмалку четири жени и рани еден маж во трговски центар во државата Вашингтон на северо-западот на САД. Според полицијата лицето успеало да избега и полицијата трага по него.

Портпаролот на полицијата Марк Френсис изјави дека се работи за “човек од јужноамериканско потекло, облечен во сива облека“.

Убиството се случило во трговскиот центар Каскејд Мејл во градот Берлингтон.

Една снимка на безбедносните камери, објавена во медиумите, се гледа млад човек со оружје кое најверојатно е пушка.

Според полицијата осомничениот бил виден за последен пат како пешки оди кон еден автопат во близина на трговскиот центар.