ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД 19 ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП, 373 СЕ НАОЃААТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

0
523
  1. Денеска се регистрирани 4 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 89;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 14 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, останатите 11 пациенти се со средна клиничка слика. Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;
  4. Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.