Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање на англиски јазик издадени од јазичното студио „Јулија“ во Пловдив, Бугарија.
Група на граѓани до Инфомакс ја испратија пријавата која ја поднеле до Основното јавно обвинителство Скопје, против директорка на основно училиште во Скопје поради употреба на исправа со невистинита содржина, поточно TOEFL сертификат кој директорката го приложила при назначувањето за директор во училиштето.
Групата граѓани го замолуваат ОЈО Скопје да ја провери содржината и исправноста на сертификатот.
Ова е четврт случај на сомнителен TOEFL сертификат издаден од јазичното студио Јулија од Бугарија, не броејќи го и сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.