ЧЕСТИТКА ОД МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

0
171

Почитувани граѓани од православна вероисповед,
Дозволете ми оттука, од манастирот „Света Богородица” во село Матејче, да ви го честитам големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со желби за добро здравје и просперитет.Денеска се радуваме на светата рожба од Назарет – плод на молитва, љубов и добри дела на благочестивите Јоаким и Ана. Божјата Мајка го подготви спасението на светот, како чисто, совршено битие и како средиште намајчинската љубов, со сето Божествено во себе за да се покаже љубовта Божја кон човекот.

Нека Божјата Мајка нѐ води по милостивиот пат, патот на трпението, вербата и љубовта.

Нека ги облагороди срцата на секој и нека помогне заедно да ги отфрлиме слабостите во нас за да продолжиме да чекориме непоколебливо и со силна верба кон иднината.
За многу години Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица!