ЧЕСТИТКА НА ЗЕЧЕВИЌ ЗА БОЖИЌ : СИМБОЛИКАТА НА РАЃАЊЕТО НА НОВАТА НАДЕЖ И ДОБРИТЕ ДЕЛА Е SВЕЗДА ВОДИЛКА НА НАПИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ И ЧОВЕЧКИ ВРЕДНОСТИ

0
580

По повод големиот празник Христово раѓање – Божиќ, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ упати честитка до сите православни христијани како и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г.Стефан.

„На сите православни верници им го честитам големиот празник, Христово раѓање – Божиќ. Им посакувам радост, среќа, добро здравје, спокој и мир. Симболиката на раѓањето на новата надеж, новиот почеток и значењето на добрите дела, е ѕвезда водилка за нашите христијански и човечки вредности. Да го празнуваме изворот на добрината, да правиме добри дела, да си помагаме и да се поддржуваме. Да продолжиме по патот на напредокот и заедно да придонесеме за подобра иднина за македонското општество. Нека е за многу години Божиќ!, стои во честитката на генералниот секретар Зечевиќ.