Чавков го предложил осомничениот за Тврдина да ја води регионалната битка со криминалот

0
1396

Министерот Чавков ја одобрил одлуката осомничениот Тони Јакимовски да конкурира за меѓународна позиција и да ја освои и покрај тоа што против него се води истрага за уништување на опрема за прислушување во УБК на МВР, информира Телма.

toni_jakimovski-670x482

Тони Јакимовски не бил првиот предлог пратен во Романија за да биде генерален директор на регионалниот центар за борба со прекуграничен криминал и шверц на дрога.

Второосомничениот во случајот на СЈО Тврдина Јакимовски конкурирал на внатрешниот конкурс на МВР, но поради отворената истрага тој бил суспендиран од работното место во УБК, а министерот Оливер Спасовски и комисија во министерството избрале друг кандидат за раководната позиција во СЕЛЕК-центар за регионална соработка на полицииите и царините од 12 балкански држави.

Изборот на почетокот на мај каде покрај македонскиот кандидат имало уште кандидати од Албанија, Унгарија и Србија не бил извршен и во СЕЛЕК го презакажале изборот за крај на јуни. (Во вториот круг влегле кандидатите на Унгарија и Албанија, но изборот не бил направен)

Во меѓувреме Спасовски е сменет од функцијата, на местото министер за внатрешни работи се враќа Митко Чавков, а Јакимовски добива аболиција од Иванов која подоцна е укината.

Тогаш МВР ја менува одлуката и наместо стариот кандидат, со потпис на министерот Чавков, Тони Јакимовски станува кандидат кој е избран наредните 4 години да биде генерален директор на СЕЛЕК.

Од оваа организација со седиште во Романија досега не одговорија на прашањата на Телма дали биле информирани за тековната истрага за дела злоупотреба и фалсификување на документи која СЈО ја води против новоизбраниот директор.

Нема одговори ниту од МВР зошто е одлучено осомничен за уништување на опремата на УБК да ја претставува Македонија како борец против криминал.

Дека Јакимовски планира да патува често од земјата во канцеларијата која се наоѓа во романскиот Парламент знаел и скопскиот кривичен суд. Но судија за претходна постапка и судскиот совет сметале дека нема потреба да му се одземе пасошот за да се обебзеди присуство на осомничениот во државата за време на истрагата. Со тоа судот проценил дека отсуството на јакимовски нема да влијае на постапката покрената од СЈО.

Тони Јакимовски е еден од луѓето на Сашо Мијалков кои во УБК се префрлија во 2006-та, а потекнуваат од армијата и од воената безбедносна служба. Девет години бил десна рака на Мијалков како шеф на одделот за координација на УБК.