ЦУК : ПОЖАРИ НАД МАНАСТИРОТ ЗРЗЏЕ И НАД СЕЛО КОШИНО, ЌЕ СЕ ИНТЕРВЕНИРА СО ДВА АВИОНА И ЕДЕН ХЕЛИКОПТЕР

0
320

Според ЦУК, едниот пожар е над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, а гори висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.Вториот пожар е над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума. Пожарот се приближил на околу 300 метри од првите куќи во селото.

-Како подршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а вториот се подготвува за полетување. Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР, информира ЦУК.