Од Центарот за управување со кризи информираат дека во последното деноноќие биле регистрирани седум пожари на отворено и на бројот за итни случаи 112 пристигнале речици 2.000 повици.
Во изминатите 24 часа, како што велат, имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК од коишто „реални“ биле 58,2 отсто, а преостанатите 41,8 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Најмногу од повиците биле упатени кон полиција, околу 68 отсто, потоа кон Итната медицинска помош 23 отсто и кон пожарникарите 5,64 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Истакнуваат дека во последното деноноќие имало седум пожари на отворено на територијата на Скопје и околните општини, потоа во Куманово, Кочани, Охрид и Карбинци и сите биле изгаснати.