ЦУК : АНГЕЛОВ – УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РАБОТАТА ПРЕКУ ОБУКА СО СОПСТВЕНИ КАДРИ

0
168

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во рамки на унапредување на квалитетот во работата во ЦУК, истакна дека се и обуките за вовед во практичната работа спроведувани од професионалци и од поискусните колеги во Центарот, при посетата на обуката на операторите – приматели на повици на Единствениот повикувачки телефoнски број за итни случаи 112, во ЦУК. Притоа, тој со пластични примери од „работа под притисок“ – во стресни услови, што беа дел и од неговата работна дводецениска кариера во одбранбено-безбедносните структури во државата, им посочи како се решаваат одредени специфични ситуации и што имплицира тоа „решавање“ како дејство и на терен.

Повеќето примери беа поврзани со дегашната веќе осумесечна работа и функционирање на телефонскиот број за итни повици 112, во координација и соработка со Полицијата, Брза помош, Противпожарни единици и со колегите од Региноналните центри за управување со кризи во нашата држава и Дежурниот оперативен центар во ЦУК.

Инаку, обуката на операторите – приматели на повици на Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК, се организираше со сопствени кадри од Секторот Е -112 и се одржа во периодот од 03 до 07.10.2022 година за дел од вработените кои се приматели на повици во Скопје.

Фактографски и кусо, преку бројот на примени повици, податоците ја отсликуваат големата фрекфенција на работа на Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК, од неговото пуштање во употреба на 11 февруари, на Денот на Европскиот број за итни случаи 112, па до први (01) октомври годинава, конкретно, се примени вкупно 326.524 повици или во просек 1407 повици дневно.

Бројките, согледани по месеци се следните: во месец февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) се примени 11.321 повици, а просекот беше околу 629 повици дневно. Од 01.03.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на Македонија. Во месец март примени се 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно. Во месец април примени се 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно. Во месец мај примени се 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во месец јуни се примени 41.759 повици или во просек 1.392 повици дневно. Во месец јули примени се 44.467 повици или во просек 1.434 повици дневно. Во месец август се примени 47.553 повици или во просек 1.534 повици дневно. Во месец септември се примени 38.628 повици или во просек 1.407 повици дневно.