ЦСЛУ ВО ПРИЛЕП ЈА ЗАПОЧНА ,,УЛИЧНАТА УМЕТНОСТ” НИЗ ГРАДОТ ПРИЛЕП КОЈА Е ЕДНА ОД НАЈИНТЕРЕСНИТЕ УМЕТНИЧКИ ПОДВИЗИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ СО ЧЕТКА И БОЈА

0
1303

Проектот „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“ е во организација на филмската продукција Дрим Фактори од Скопје во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност-Прилеп и истиот е поддржен од Влада на Република Северна Македонија, преку Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија.

Со овој проект е предвидена реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

Уличната уметност е се повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претствавува зачудувачка форма на уметнички израз, тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови. Уличната уметност сега живее и во виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси и неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и главната симболика на современоста.

Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден модерен град, но исто така одлична можност да се даде и нота на препознатливост и уникатност на самиот град, како и преку истата да се презентираат и реактуелизираат познати и признати дејци од нашата историја. Едно дело улична уметност може да го трансформира предметот на кој се појавува, но може да ја трансформира и целата локална заедница во која престојува. Уникатен начин да се одбележи и главната цел 30 години независност на нашата држава.

Реактуализацијата како процес обезбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат медиуми и техники за модерно прикажување и заживување на лица, дела, настани.

Еден од начините за реактуелизација на наши познати дејци од разни области, е токму и уличната уметност, нов начин на културно изразување и консумирање на културниоиот производ кој повторно ќе ги актуелизира и направи атрактивни и секако, разбирливи и достапни за новите генерации нашите големи истакнати имиња.

Проектот опфаќа изработка на 2 ѕидни мурали на уникатно избрани локации и 2 кратки докуметарни видеа за промоција и презентација на дејноста и делата на Блаже Конески и Стале Попов.

Идејното решение и изведбата на муралите се на наште познати академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

Сликарските активности организирани од Ценарот за современа ликовна уметност секогаш имаат извонреден творечки амбиент, а овозможуваат и експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност.