Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, доби 30 дена притвор во предметот „Империја“ на СЈО. Тој денеска беше спроведен на распит во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка, откако СЈО побара привор по основ дека може да влијае врз сведоци и поради опасност од бегство.
За притворот одлучуваше судијката Весна Димишкова.
Мијалков веќе издржува 30-дневен притвор кој што му е одреден во предметот „Таргет-Тврдина“.