Црни Грујо ја спрашти од клубот на пратеници како ПОПАРЕН : Груевски – Го прифаќаме предлогот на СДСМ за главен уредник на информативната програма на МРТВ да биде именувана Санта Аргирова

0
2561

По три часа преговори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прв ја напушти средбата меѓу четирите партии која се уште е во тек во Клубот на пратениците.

На излегување во кратка изјава за медиумите, Груевски рече оти ги прифатил сите предлози на СДСМ за медиумските реформи, за како што рече, опозицијата да нема алиби да бега од избори.

ВМРО-ДПМНЕ го прифатил предлогот на СДСМ за главен уредник на информативната програма на МРТВ да биде именувана Санта Аргирова. Сепак, Груевски вели оти овој предлог на опозицијата е знак дека партијата нема волја да се реши кризата, бидејќи според него, Аргирова е политички определена.

Владејачката партија ја прифати и методологијата според која ад-хок телото ќе ги мониторира медиумите за време на изборите, а петтиот член остави да го изберат СДСМ, ДУИ и ДПА.

Груевски не прецизираше дали изборите ќе се одржат на 11 декември, но рече дека тие се подготвени во било кое време да излезат на избори.