Црни Грујо тргна во расчистување на плацевите на Водно

0
463

– Ако интерес му е на Груевски да го реализира својот налудничав проект јас сум спремен и мојата куќата да ја урне само за да си направат доволно простор – изјави денеска за порталот Плусинфо познатиот бизнисмен Ристо Гуштеров кој заедно со соседите издејствува времено стопирање на планот на Управната градежна инспекција која рано утрово, потпомогната од приватна градежна фирма и чувана од полицијата, тргна да урива гаражи на Водно кои ги користи Гуштеров и неговите соседи.

gusterov pl

Планот на Инспекторатот не успеа. Беа запрени по интервенција и на градоначалникот на општина Центар кој успеа да издејствува времено одложување на рушењето, бидејќи не била запазена целосно законската постапка.

 

– На овој простор сакаат да исечат 12.000 квадратни метри шума, односно двестотини метри долго и шеесет метри широко во ова брдо. Со самото тоа тектонски ќе ја нарушат целата планина и овој рид. Овде има комуникации, тунели, скривници, што се не. Сега сакаат да го изиграат и ДУП и ГУП, па наместо тој кој што подметнал Пеце Наумовски да изгради резидентни спортски терени, демек за тенис на ваков терен, они го менуваат ДУП и ГУП и на 23.000 квадрати ќе градат згради. И сега замислете каков пекол ќе биде за тие луѓе кои живеат по таа должина. Газат по сите закони и решенија и сето тоа ќе доведе до тектонска катастрофа еден ден. Тоа го прават незаконски под мотото: „Ние сме мнозинство во Општина Центар и во Советот на Град Скопје“ и менуваме се по закон – изјави за Плусинфо бизнисменот Гуштеров,видно потресен.

Целиот текст ОВДЕ