ЦРНИ ВРЕЌИ СО ПАРИ, ПУРИ, ВИСКИ, ТОТАЛЕН ХАОС ВИРЕЕ ВО СОБРАНИЕТО ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА АФРИМ ГАШИ

0
530

Амир, не му верувајте на кондураџијата печатар кога ве праќа по работа. Да те потсетам Амир, слушај ме Димитар, овде со Талат си делевте комплименти. Тој те нарекуваше Че Гевара, ти него Фидел Кастро, пушевте пури со скапо виски. Затоа овој ден е празник за целиот македонски народ, а тажен за ДУИ, Левица и за тебе Димитар Ковачевски кој ни го испраќаш Апасиев да држи говори, реплицираше Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на Амар Мециновиќ од Левица.

Изет Меџити од коалицијата Вреди ги повика пратениците да го поддржат Африм Гаши за претседател на Собранието. По неговото обраќање почна жестока дебата во која збор зедоа пратеници од неколку партии.

– Дозволете во неколку збора да го образложам предлогот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Тој е пратеник веќе 8 години. Ова му е трет мандат од граѓаните. Има големо искуство и има висока работна етика. Во биографијата може да се види дека и според образованието може да ја заврши оваа задача. Тој е еден од ретките пратеници кој не е спомнат во ниту една работа поврзана со корупција иако неговата партија била на власт. Ве повикувам да ја поддржите кандидатурата и да ги надминеме политичките поделби – рече Меџити.

Потоа збор зеде Амар Мециновиќ од Левица.

– Денеска имаме јасен приказ дека силно ВМРО-ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Оваа партија која беше измеќар на СДСМ, токму СДСМ ја избрка од мнозинството за да ја замени со Алијанса. Оваа избркана партија ВМРО-ДПМНЕ сака да ја круниса. Алтернатива и нивната коалиција дозволија една делегитимирана влада, тоа го спаси ДУИ од пропаст. Три години имавме нелегитимна влада. А тогашната опозиција, која велеше дека ќе има активна блокада, не само што не блокираше, туку сега ги крунисува овие партии. ВМРО-ДПМНЕ сега ќе ги собере сите рецидиви од претходната власт за да може да владее. Што значат овие 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ? Вашите гласачи имаат проблем со ова, со внесување на Бугарите во Уставот. Јас искрено, малку повеќе им верувам на албанските партии за уставните измени отколку на ВМРО-ДПМНЕ. Ајде да видиме како е во регионот – таму најголеми партии се левичарските партии. Зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку импотентно? Ајде да го цитираме поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, тогаш тој обвини дека шурувате со СДСМ за да донесете уставни измени. Ваши беа зборовите „ВМРО-ДПМНЕ се спремни да направат влада со СДСМ за да ги донесат уставните измени“. Значи, вие сте криминалци. Вие формирате нов обичај, ова спикерско место да оди под етнички клуч. Тоа е уште полош обичај од принципот „победник со победник“. Затоа, не бираме смао спикер, туку Гаши ќе биде идниот кој ќе владее со ова Собрание. Ги браните Македонците од бинационалност, а всушност бинационалноста ја легализирате. Затоа, на оваа седница ќе биде јасно дека сите прогресивни сили ќе застанат на страната на Левица против оваа нова влада на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мециновиќ.За реплика се јави Бојан Стојановски кој рече деа ова е евтин политички театар на коалицискиот партнер на ДУИ.

– Не можете тука да ги напаѓате ДУИ, а во Град Скопје да бидете нивен поддржувач. Силна Левица значи силен ДУИ. Сега го сменивте работодавецот. Силните илјадници евра од државната видеолотарија кои ви ги носеа кажуваат многу за вас. Кога видовте дека без вас ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните избраа претседател шегата. 436.000 гласачи го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ. Вие водите џаначка политика базирана на евра – рече Стојановски.Мециновиќ побара контрареплика:

– Во Град Скопје вашата градоначалничка го гласаше последниот извештај со вашите советници и советниците на ДУИ. Така е и во Велес, така е и со Нефи Усеини, а сега со Таравари ќе најдете нов јазик.На ова реплицираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

– Амир, не му верувајте на кондураџијата печатар кога ве праќа по работа. Да те потсетам Амир, слушај ме Димитар, овде со Талат си делевте комплименти. Тој те нарекуваше Че Гевара, ти него Фидел Кастро, пушевте пури со скапо виски. Затоа овој ден е празник за целиот македонски народ, а тажен за ДУИ, Левица и за тебе Димитар Ковачевски кој ни го испраќаш Апасиев да држи говори. Прв кој ја лиферуваше веста на Груби дека биле купени пратеници, но втор ја лиферуваше токму Борислав Крмов. Почитувајте ја желбата на овој народ да живее нормално. Не остана ништо од Ахмети, Груби и од Апасиев. Политиката на Левица „против сите“ е прочитана и треба да ја почитувате волјата на мнозинство.Мециновиќ на ова возврати:

– Советите кои ми ги давате не се компатибилни. Кога вашиот лидер ве тераше да му пуштате слики дека сте му лојални, а не на Груевски. Овде Собранието ќе го води партија со 2 пратеника, а не доминантната партија, како што е во регионот. На крај, Гаши ќе ни биде технички премиер кој ќе ви командува со истиот епилог како премиерот Џафери.На ова реплицираше пратеникот Халил Снопче:

Мециновиќ му реплицираше на Снопче:

– Колега, вие не ослободувате од сами себе. Бевте дел од претходната влада, а сега пак сте во влада. Бевте анти-ДУИ, па потоа со ДУИ во претходната влада. Дали тоа пак ќе биде случај? Допрва ќе видиме.Следен збор зеде Крмов:

– Се брза со конститутивната седница и со изборот на претседател на Собранието. Се брза поради новиот Деловник кој ќе биде фабрика за носење нови закони. Дебатата е ускратена. Немате почит према Собранието. Го сведувате на извршител, обичен чиновник. Брука е што само 6 пратеници на Левица зедоа збор. Каде сте да говорите, 58 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ? Гаши ќе владее во типичен манир на албанското малцинство, што значи од сенка. Едвај се појавуваше на седници. Нема искуство како координатор. Нема искуство како претседател на комисија. Четири години нема земено збор. Единствено што најдов кавга меѓу него и Арбр Адеми во салата „Борис Трајковски“. Ќе биде полош и од Талат Џафери. Не е свесен во што се впушта, колку работа има таму. Не е претседател само пушење пури и пиење виски. Тој ја сака функцијата поради престиж и етнички предзнак. Ние де факто влегуваме во бинационалност. Квалификациите се „само да е Албанец“. Тој нема изјави, но неговата партија БЕСА во статутот се залага за бинационална држава, Касами кажа на митинг дека Македонија треба да стане третата албанска држава. Е сега тие на ВМРО-ДПМНЕ им се коалиционен партнер. Немаат почит кон ништо македонско. Од нив очекувам само самоволие. Етикетата СДСМ се замени со ВМРО-ДПМНЕ. Како ВМРО-ДПМНЕ ја продаде куќата? Имаа 58 пратеници сами да си изгласаат влада, а паднаа пред албанските националистички партии. Затоа ли народот ви даде власт? ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе омекне во ваква влада.

На ова реплицираше пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој ги обвини Левица дека во Шарената револуција ги кршеле канцелариите на претседателот на државата.Крмов рече дека требало да има влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица за македонски спас, но дека ВМРО-ДПМНЕ не прифатило.Збор зеде Јована Мојсоска од Левица.

– Во 2017 кога Џафери се избираше за спикер, тогаш СДСМ имаше 49 пратеници, ДУИ имаше 19 пратеници. Сега гледаме како партија која имаше 61 пратеник во претходната влада, сега гледаме како истата партија ќе ја надградува платформата на ДУИ со „Косовска платформа“ на Вреди – рече таа мислејќи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено што можам да најдам дека Гаши беше иницијатор за рушењето на споменикот на Цар Душан. Тој го условуваше Заев за мешање директни експерти од надвор за решавање на судски процеси како „Алфа“. Тој како и сите останати пратеници од Вреди не се чувствуваат комотно кога се пее македонската химна. За нас не е проблем што Гаши е Албанец. Не, Гаши е обичен необалист. Во која било европска држава оваа партија ќе беше прогласена за антидржавен елемент. Сега на овие партии им ја даваме втората најклучна позиција во власта – собраниски спикер. Ја заменивме Тиранската платформа со Косовска платформа. Ахмети одеше кај Еди Рама, Гаши ќе оди кај Албин Курти на Косово да потпише дека Македонија е трета албанска држава. Во новата влада ќе се обединат неоврховизмот и необализмот.На ова Коџаџику, ја праша Мојсовска на што мислела кога рекла дека на Вреди им пречи македонската химна.Збор зеде Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ:

– Мојсовска на свои 24 години ја уништуваше куќата на Христо Узунов и во Шарената револуција го донесе на власт Зоран Заев и целиот македонски народ го плаќа цехот за политиките на Левица. Се сеќавате како завршија Јакобинците. Таму сте тргнале со овој памет. Имавте шанса да се покажете. Многу сакате црни вреќи со евра. Овде не бираме Македонци, Албанци или други етнички заедници. Овде спроведуваме коалициски договор со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе ги оствари ветувањата пред македонските граѓани.