Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседател Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала не воведоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат“, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „ние нема да си одиме додека не победиме““ рече Трамп.