Црната кампања на власта не ја гаси звездата на Заев-борецот за слобода

0
573

Граѓаните нема да дозволат Зоран Заев, претседателот на СДСМ и опозицијата,  да отстапи од борбата која ја почна за да ја врати државата на граѓаните. Тоа  тој им го должи на граѓаните, на идните поколенија, но и на нашите предци.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Ниеден опозициски лидер не бил изложен на ваква тортура како Заев

Во оваа битка за слобода, Заев наспроти себе ги има узурпираните државни институции од ДПМНЕ. Грувески ги спрегнал во полна пареа против Заев полицијата, тајните служби, разноразни инспекции, провокатори, кодоши, владините медиуми-сите државни ресурси, се ставени во функција да го следат и пратат секој чекор на Заев но и неговото потесно и пошироко семејство, кои се изложени на 24 часовен надзор и притисок од државните институции. Ова веќе е одамна познато за граѓаните. Ниеден опозиционер во изминатите 25 години не бил изложен на ваква тортура од државата како што е случај со Заев.

Причината за оваа тортура е храброста на Заев да ја обелодени Вистината за историската кражба на Македонија извршена изминатите осум години. Токму затоа фамилијарната власт на Груевски би вложувала и милиони евра државни пари за да го дискредитира Заев. Власта може и милијарди евра да вложи за да го оцрни Заев, но нема да успее да ја убие желбата на граѓаните за слобода, демократија, затоа што овие три постулати се предуслов за да имаме достоинствен живот во нашата држава а не како сега да зависиме од милостињата на Груевски како државата да е наследство од татко му. Токму затоа граѓаните во Заев гледаат водач на битката за слобода, демократија и правда.

Токму затоа залудни се сите напори на власта да го спречат Заев-херојот на граѓаните, особено на младите генерации, да ја обелоденува вистината и да биде на чело на граѓаните кои преку мирни протести си ги бараат правата што им се загарантирани со Уставот и законите а кои власта им ги крши и им го загорчува животот.

Власта и да каже дека Заев вечера и со Ѓаволот сепак вистината нема да ја сопрат

Граѓаните навикнаа веќе изминатите години власта да прави и конструира сценарија за Заев, кои се се потврда умот кој го имаат луѓето во ДПМНЕ, наводно дека Заев јадел живи луѓе, ја минувал пешки границата со Грција, бил предавник, бил терорист…… Граѓаните нема да ги изненади, ако власта обелодени дека Заев вечерал и со ѓаволот, но со конструкциите власта само ја зајакнува довербата на граѓаните во Заев и во поголем број и со уште поголем ентузијазам му се приклучуваат во битката, затоа што таа битка е во интерес на граѓаните, а не лично на Заев. Битката на Заев, е битка на граѓаните.

Груевски може уште утре да го распне Заев и на крст, сепак тоа нема да го спаси од злоделата што и ги направил на македонската држава. Граѓаните ја почнаа битката за државата да ја ослободат од власта на Груевски за потоа согласно Уставот и законите држававните институции да им судат за постапките на сите државни функционери кои се огрешиле пред законите.

Груевски се бори да ја задржи власта, а Заев да се почитуваат законите

Разликата во оваа политичка битка меѓу Груевски и Заев е во тоа што Греувски се бори со сите државни ресурси за да ја зачува власта, додека Заев битката која ја започна со обелоденување на вистината, не е за да ја освои власта, туку за да се создадат услови,  да се нормализира состојбата во државата и да се одржат фер и демократски избори на кои изборната воља на граѓаните ќе се почитува а не како изминатите години, власта да ја фалсификува преку низа инструменти.

Граѓаните го доживуваат Заев  како херој и од него бараат да биде на чело во битката да се сруши автократската власт која ја воспоставил Груевски. Тоа е сега главната цел, која е предуслов за да се создадат услови за граѓаните на слободни и фер избори да изберат идна власт, а тоа не прејудицра да биде токму Заев премиер. Кој ќе биде идниот премиер после формирањето преодна Влада, граѓаните ќе се изјаснат на фер, демократски и законски избори.

Заев и СДСМ немаат намера да ја преземат насилно власта. Со ниедна постапка, форма или било кој друг начин, тоа не го манифестираат. СДСМ постапува одговорно кон државата од аспект на состојбата во која таа е доведена од власта на Груевски.

М-р Митко Јованов