Вчера објавениот аудио запис од разговорот на директорот на УБК, Сашо Мијалков, и главниот уредник на Сител, професор Д-р Драган Павловиќ – Латас предизвика интерес во јавноста.
Во записот Мијалков му раскажува на професорот Латас дека Бранко Црвенковски наводно му нудел дил, сдсмовци да гласаат против Жерновски во Центар, а вмровци против Јакимовски во Карпош.
Од кабинетот на Црвенковски за Либертас го пренесуваат неговиот став дека нема намера воопшто да коментира такви ординарни глупости.
Црвенковски подолго време ги следи, но не ги коментира многу посериозните работи кои се случуваат во државата. Ваквите бош муабети на Мијалков и Латас со индигнација отфрла да ги коментира бидејќи и не заслужуваат коментар, велат од неговиот кабинет.