Црвенковски нема да ги коментира наводите на Верушевски дека ги имал „бомбите“ од 2010

0
552

Поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз и поранешен шеф на државава, Бранко Црвенковски, не сака да ги коментира наводите на Зоран Верушевски дека бомбите прво биле носени во партијата, по што екс разузнавачот ги анализирал како надлежен за безбедносната политика, но за нивната судбина одлучувале лидерите на СДСМ. Всушност, според сведочењето на Верушевски, нелегално стекнатите материјали биле донесени во тогаш опозициската партија уште во 2010 година, кога на нејзиното кормило беше Црвенковски, а неговиот наследник Зоран Заев реши да ги објави пет години подоцна.

Фактор постави прашање до кабинетот на Црвенковски дали е точно дека бомбите пристигнале во СДСМ уште во 2010 година, кој се имал увид во овие материјали, и зошто не биле порано презентирани на јавноста, а од таму добиле одговор дека поранешниот претседател ќе се воздржи од одговор на оваа дилема.

„Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави за медиумите на која било тема, вклучително и на оваа“, одговориле кусо за Фактор од кабинетот на Црвенковски.